Модерна бајка: Девојки облечени како Дизни принцези ја прославуваат својата вистинска љубов

Јалонда и Кајла се огромни љубители на ТВ серијата „Во едно далечно време“ (Once Upon A Time) – приказна за еден град каде што се верува во бајки. И како што можете да забележите од овие фотографии, тие решиле да си направат сопствена бајка така што ќе се облечат како Дизни принцези за нивната магична фотосесија по свадбата.

Кајла ја одбрала Бела од Убавицата и Ѕверот, додека пак, Јалонда решила да се облече како Пепелашка. Нивните фотографии привлекоа огромно внимание во светот, покажувајќи ни дека среќниот крај од бајките навистина постои.

„Јас сум пресреќна и многу благодарна што ја најдов мојата сродна душа“, пишува Јалонда на својот Фејсбук профил. „Нашиот сон е да пишуваме книги за деца во кои се вклучени различни видови семејства, како што се оние со посвоени деца, две мајки, двајца татковци и слично!“


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар