Минимализам и елеганција: Скандинавски идеи за дизајнирање на бањата

Скандинавскиот декор ја должи својата убавина на едноставниот, но елегантен дизајн. Скандинавскиот стил е совршениот избор за оние кои сакаат релаксирачка бања бидејќи тој создава атмосфера на смиреност.

(1)idei-za-dizajniranje-na-banjata-shto-treba-da-nauchime-od-skandinavcite-kafepauza.mk

Елеганцијата на минимализмот

(2)idei-za-dizajniranje-na-banjata-shto-treba-da-nauchime-od-skandinavcite-kafepauza.mk

Скандинавските дизајнери го користат добро познатиот принцип „малку е повеќе“. Па, подгответе се за јасни линии и благи рабови.

(3)idei-za-dizajniranje-na-banjata-shto-treba-da-nauchime-od-skandinavcite-kafepauza.mk

Најдобриот начин да создадете минималистички тоалет е да го избегнете собирањето на непотребни работи. На видно место нека се наоѓаат само неколку стилски детали, а сè останато нека биде зад затворен врати.

Неутрални бои за смиреност

(4)idei-za-dizajniranje-na-banjata-shto-treba-da-nauchime-od-skandinavcite-kafepauza.mk

Скандинавскиот стил има палета од неутрални бои како што се белата, сивата, светло сината, кремот и слично. Овие елегантни бои будат чувство на мир и пространост, а ова е одлична комбинација со минималистичкиот дизајн. Сепак, можете да вметнете и некоја неочекувана пожива боја. Често се користат црна и бела за да се создаде контраст, а можете да искористите и некоја друга боја која ќе стави интересен акцент на просторијата.

Клучот е во функционалноста

(9)idei-za-dizajniranje-na-banjata-shto-treba-da-nauchime-od-skandinavcite-kafepauza.mk

Друг важен принцип на скандинавскиот стил е функционалноста. Важно е да се искористи целиот простор, и тоа да се направи елегантно. За да го постигнете ова, важно е да обезбедите повеќе места за чување на работите. Можете да користите полици, шкафови, или пак „скриени“ места. За нив одберете квалитетни материјали, но со добар дизајн. Вашиот нордиски тоалет не треба да биде натрупан.

Природа за зен

(6)idei-za-dizajniranje-na-banjata-shto-treba-da-nauchime-od-skandinavcite-kafepauza.mk

Природата е важен елемент во скандинавскиот стил, па дури и во тоалетот. Можете да ставите некое растение како декорација во вашиот тоалет и со тоа ќе направите амбиент како во спа-центар. Зелената боја на растенијата одлично се вклопува со неутралниот дизајн. Се разбира, можете да ставите и цветови во разни бои.

Убавината на природните материјали

(7)idei-za-dizajniranje-na-banjata-shto-treba-da-nauchime-od-skandinavcite-kafepauza.mk

Нордиските дизајнери создаваат чувство на топлина и удобност користејќи природни материјали. Еден од најпознатите избори е дрво. Дрвото ќе направи одличен контраст со бетонските ѕидови или белите плочки.

(5)idei-za-dizajniranje-na-banjata-shto-treba-da-nauchime-od-skandinavcite-kafepauza.mk

Друг популарен материјал е каменот. Најчесто се користи за подот и за камени кади кои се одличен акцент во тоалетот.

(8)idei-za-dizajniranje-na-banjata-shto-treba-da-nauchime-od-skandinavcite-kafepauza.mk

Едноставноста, елеганцијата и функционалноста на скандинавскиот стил ќе ви помогнат да дизајнирате тоалет со безвремена вредност.

Погледнете ги и овие скандинавски трендови за уредување на ентериерот.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар