Месечев часовник

Автор: Ема Јакимовска

Хаоши дизајнс“ е дизајнерска фирма, основана во 2009-та година, а именувана според кинескиот назив за „добри нешта“. Тие сметаат дека во секојдневниот живот, луѓето често ги повредуваат ситници и како да забораваат на добрите нешта, кои носат среќа и задоволство. Затоа и нивниот дизајнерски концепт е смирувачки и чист. Користат прецизна техничка уметност за изразување на апстрактни концепти и на својата животна филозофија.

Месечев часовник Месечев часовник

„Кога ноќта ќе падне, и сѐ е мирно, ноќните животни со радост го истражуваат светот. Месечевата светлина им дава енергија. Месечината е она во што тие веруваат.“ – така Хаоши дизајнс ја опишуваат серијата на месечеви часовници.

Оваа серија часовници, инспирирана од природниот свет и ноќта, е изработена од калифониум и вклучува четири модели на ѕидни часовници, во зависност од четирите животни – волк, був, врана или мачка.

Ако сте од оние луѓе кои секогаш наоѓаат инспирација навечер, тогаш дозволете му на месечевиот часовник да ве топли секоја ноќ. На површината на часовникот има флуоресцентен слој, кој дава нежна светлина ноќе и изгледа како месечината топло да ги прегрнува ноќните животни. Креацијата е навистина магична.

Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник Месечев часовник


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Anonymous Reply

    hahahahahahahahahhahahahhahahahah MOREEEE LOVE YOU

Остави коментар