Меморијалниот центар на кулите близначки во Њујорк

Ова анимирано филмче ги претставува двете феноменални фонтани кои ќе бидат пуштени за безмалку 3 недели на десетгодишнината од нападот на кулите близначки во Њујорк. Двете „потонати“ фонтани се дело на архитектите Мајкл Арад и Питер Вокер, а ќе се наоѓаат на истите локации каде што беа темелите на кулите близначки, кои беа урнати на 11 септември 2001 година.Меморијалниот центар на кулите близначки во Њујорк Водопадите ќе имаат слив долг 9,2 метри и уште еден слив со истата должина во помала квадратна дупка на средината од фонтаните. Околу фонтаните на бронзени плочки ќе бидат испишани имињата на жртвите од нападите. Околу фонтаните ќе има поплочен плоштад, на кој ќе се наоѓаат 415 идентични дрвја, под кој ќе се гради меморијален музеј.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Мето Reply

    џабе фонтана без коњ!

Остави коментар