Медитативен ресторан инспириран од торнадото

Практично е невозможно да не се заљубите во ова место на прв поглед и да не сакате барем еднаш да ја имате честа да седнете на ручек или на кафе, уживајќи во совршено дизајнираниот простор. Ресторанот се вика „Twister“, а е лоциран во Киев, па доколку ве води патот накај Украина, никако не пропуштајте ја можноста да го посетите.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадото„Виновниците“ кои го комплетирале целокупниот ентериер во овој модерен европски ресторан се дизајнерското украинско дуо Serghii Makhno и Vasiliy Butenko. Ресторанот е составен од двокатен оддел за јадење и релаксирачки бар. Во „Twister“ ќе се чувствувате како птичка во лет, додека го пиете вашиот коктел или додека вечерате под кровот кој потсетува на торнадо.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоГлавната цел додека бил уредуван просторот на овој ресторан, била да се креира една природна, модерна и удобна атмосфера. Двокатниот оддел за јадење, е инспириран од два природни феномена: торнадо и дожд. Шесте балкони во кои се сместени свиените сепариња, имаат облик на торнадо, а ламбите во облик на капки, претставуваат дожд кој паѓа од небото. Сите овие фантастично реализирани модерни дизајнерски идеи, создаваат една природна атмосфера која ја гарантира удобноста на муштериите, а природните кафени нијанси, создаваат смирувачки ефект.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоВо барот пак, ѕидовите се набоцкани со дрвени стапчиња, а ваквата декорација создава чувство како да седите во птичјо гнездо, во кое ви е топличко и пријатно. Фотелјите, потсетуваат на шишарки, а ќе се сложите дека делуваат како седењето на нив да е многу удобно.Медитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоМедитативен луксузен ресторан инспириран од торнадотоЦелиот простор е така дизајниран за да создаде релаксирачка атмосфера и да го поттикне медитативниот дух кај муштериите.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар