Масичка за фудбал од 68.000 долари

Масичка за фудбал од 68.000 долари

Дали ги паметите забавните маси за играње фудбал, кои порано можеа да се најдат во секоја флиперница? Епа, забавата на ваквите маси се искачи на едно многу повисоко ниво, откако компанијата „Gro“ реши да ја создаде масата „The beautiful game“ (Прекрасната игра). Елеганцијата и луксузот се во преден план на оваа сјајна, хромирана масичка за фудбал, која е создадена благодарение на инспирацијата од стадионите низ светот.Масичка за фудбал од 68.000 долари.

„Многу од новите стадиони изградени во последниве години имаат силна архитектурна и скулпторна убавина и притоа постануваат знаменитости во градовите и ја подобруваат нивната локална визуелна средина. Ние сакавме да ја направиме нашата маса еднакво спектакуларна и незаборавна, збогатувајќи го просторот каде што ќе биде поставена.“ – велат од компанијата

Масичка за фудбал од 68.000 долариМасичка за фудбал од 68.000 долариВо дизајнот на масата, компанијата „Gro“ вклучила и шармантен мини манифест во кој пренесуваат порака против стерилниот и асоцијален начин на играње видеоигри во оваа дигитална ера. Играњето на маса за фудбал е многу повеќе од само вртење на рачките, бидејќи вклучува тактика, возбуда и многу изненадувања, сè што треба да има во еден спорт. Па доколку ви се допаѓа ова што го гледате и сакате да додадете еден ваков луксузен и стилски елемент во вашата куќа, спремете си, ни повеќе ни помалку, туку 68.000 американски долари.Масичка за фудбал од 68.000 долариМасичка за фудбал од 68.000 долари


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар