Мало девојче го истражува портокаловиот свет на фантазијата

Фотографката Адриен Брум продолжува со нејзината неверојатна серија од фотографии наречена „The Color Project“. Овој пат нејзината креативност нè води во „Портокаловиот свет“, каде што едно мало девојче кадар по кадар ги истражува прекрасните делови на околината. Како во класична бајка, девојчето се сретнува со пеперутки кои танцуваат околу неа, додека нејзиниот пат низ мистериозната шума е осветлен од голем број ламби кои ѝ даваат црвенкасто-портокалова боја на средината околу неа. На крајот, таа е привлечена од силна светлина која доаѓа помеѓу дрвјата и која ја насочува кон светот на наредната боја.

Мало девојче го истражува портокаловиот свет на фантазијата

Брум го започнала овој проект со идејата да направи истражување на светот на боите во 8 дела, претставено преку очите на едно мало девојче. Таа не само што успеала да ја наполни секоја сцена со соодветната боја на која работи, туку истовремено додала и надреални елементи кои се надополнуваат едни со други и овозможуваат да се почувствувате како да сте таму. Погледнете ги и останатите фотографии од оваа извонредна колекција.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар