Мала, компактна и подвижна куќичка

Мала, компактна и подвижна куќичка

Автор: Марија Митева

Во деновите кога сакате да патувате, а притоа да не се грижите за престојот и давачките, најсоодветно би било да имате една ваква подвижна куќичка.

4-Mala, kompaktna i podvizhna kukjichka-www.kafepauza.mk

Фирмата која изработува пакет услуги за луксузни куќички направени по мерка е лоцирана во Орегон. Таа е производител на мали куќички. Нуди услуги од проектирање до комплетна изработка на домот. Секоја куќа е прилагодена на потребите на клиентот. Пакетот за основниот модел почнува од 65.000 долари па нагоре. Од фирмата велат: „Дури и нашиот основен модел е луксуз од почеток до крај“

Основата е направена со висок квалитет. Секогаш се употребувани врвни материјали без исклучок. Не се штеди на материјалите или на структурата на куќичката.

„Сите наши стандардни модели доаѓаат со гранитни работни површини во кујната, плакарите и висечките елементи се премачкани со заштитна боја.“

Подовите се или од бамбус или од вистинско дрво. Имаат внатрешен систем за загревање, електричните уреди се од ростфрај, комбинирана машина за перење и сушење алишта. Внатрешноста и надворешноста на куќичката се премачкани со заштитна боја.

Без разлика на годините ваквата куќичка би била одлично решение за сите, затоа што во еден момент на сите ни е потребно бегство од секојдневието.




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар