Македонски дизајн за „Мерцедес“ инспириран од охридската пастрмка

На натпреварот организиран од страна на македонскиот претставник на „Мерцедес“, МакАутоСтар, талентираниот Апостол Тноковски, пријавил еден навистина интересен и несекојдневен концепт. Имено, станува збор за дизајн инспириран од охридската пастрмка, бидејќи авторот сакал да искористи нешто карактеристично за Македонија како инспирација.Македонски дизајн за „Мерцедес“ инспириран од охридската пастрмка

„Она што е карактеристично за мене како дизајнер е тоа што моите концепти се најчесто органски и инспирирани од водниот свет. При креирањето на овој концепт сакав да внесам свој личен печат со користење на органски (флуидни) форми, но во исто време како предмет на инспирација сакав да искористам нешто што е карактеристично за Македонија. По мало истражување одлучив како предмет на инспирација да ја земам нашата позната Охридската пастрмка“ – вели тој.

Овој концепт тој го има наречено „SLK APHELIOS“, што се базира на латинското име на еден од видовите пастрмка.Македонски дизајн за „Мерцедес“ инспириран од охридската пастрмка

„На концептот му го додадов предзнакот SLK бидејќи сметам дека во блиска иднина одлично би се вклопил во истоимената спортска линија на Мерцедес“ – вели Апостол.

Специфично за овој концепт е флуидната линија која дава чувство на моќ и брзина, а во комбинација со мат-сребрената боја јасно асоцира на предметот на инспирација.Македонски дизајн за „Мерцедес“ инспириран од охридската пастрмка

„Откако се одлучив што ќе биде предмет на анализа и на што ќе се темели формата на концептот, веднаш прејдов на наредната фаза која се состоеше од темелно скицирање, а потоа и стилизација и поедноставување на скиците со цел да дојдам до форма која би можела да прерасне во автомобилски концепт“ – кажува Тноковски.

Македонски дизајн за „Мерцедес“ инспириран од охридската пастрмкаМакедонски дизајн за „Мерцедес“ инспириран од охридската пастрмка


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Vikstar Reply

    Odlicen dizajn,no zosto ne go objavite i pobednickiot dizajn za mercedes koj isto taka e od nas mlad makedonski dizajner Daniel Dimovski? :)

Остави коментар