Мајмуни уживаат во топла бања

Националниот парк Јигокудани во Јапонија е дом на голем број макаки мајмуни кои спасот од ниските зимски температури го бараат во топлите термални извори во долината на реката Јокоју. Се спуштаат од стрмните карпести планини и доаѓаат во оваа бања на отворено за да ги поминат зимските денови во многу поудобен амбиент.

Мајмуни уживаат во топла бања

Овие фотографии се дело на фотографот Бен Тороде, кој веќе еднаш го воодушеви светот со сликите од своето маченце. За фотографирањето на т.н. снежни мајмуни тој вели дека најмногу уживал да ги слика додека посветено се средуваат меѓу себе, но морал да биде внимателен за да не ги исплаши.

„Додека ги фотографирате овие мајмуни не треба долго да зјапате во нив затоа што тоа го доживуваат како знак на агресија, но барем објективите не им пречат. Најмладите се, сепак, пољубопитни за сè што е околу нив, вклучително и луѓето.“

Мајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бањаМајмуни уживаат во топла бања

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. mihaela Reply

    срцињаааааа, какви са слатки :*

Остави коментар