Мајка се фотографира со нејзините две ќерки во слична облека

Доминик од Велика Британија е мајка на две прекрасни ќерки, Амелија, која има 10 години и Пени, која има 3 години.

Мајка се фотографира со нејзините две ќерки во слична облека

„Ја напуштив мојата работа во 2015-та година за да останам дома целосно со децата. Тоа беше неверојатно и е одлука за која никогаш не зажалив“, вели таа. „Одвреме-навреме се чувствував осамено. Инстаграм ми даде мал простор во кој можев да побегнам помеѓу менувањето пелени и пишувањето домашни задачи.“

Доминик го одржува нејзиниот блог и Инстаграм профил каде објавува фотографии од неа и нејзините ќерки облечени во слична облека. Таа вели дека оваа идеја ѝ дошла случајно. Едно утро додека се облекувала самата, а и нејзината помала ќерка Пени, во облека со риги, Амелија излегла од нејзината соба носејќи иста таква. Тогаш тие се насмеале на тоа, па подоцна се фотографирале и решиле нивната забава да ја споделат со сите.

Мајка се фотографира со нејзините две ќерки во слична облека

Работењето од дома и улогата на мајка понекогаш имаат свои предизвици, но сето тоа се исплатува затоа што таа може да биде горда што нејзините прекрасни ќерки растат во силни и независни личности.

Погледнете ја галеријата и видете како изгледаат тие заедно.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар