Магијата сокриена во секојдневието

Магијата сокриена во секојдневието

Без разлика дали дејството се случува во природата или во вртоглавата урбана средина, илустрациите на артистот Паскал Кампион, создаваат причина за радост кон секојдневниот живот. Илустраторот од Сан Франциско успева да ја претвори вечерната дождовна прошетка во спектакуларно искуство кое зрачи со енергија и елан за живеење на животот. Не е важно кој период од годината е, бидејќи секогаш има причина за насмевки.

Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието

Секој цртеж од растечката колекција на Кампион раскажува една убава приказна. Заедничката тема е почитување на секојдневието, поминато во овој чудесен свет. Во неговата работа се проткајува и детската радост и љубопитност, која потсетува зошто треба да го сакаме нашиот живот. Едноставните нешта како талкањето низ шумата со вашето куче, набљудувањето на рибите во езерото од мостот или фантазирањето додека гледаме во облаците, му даваат смисла и богатство на нашиот живот.

Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар