Магичниот поглед кон млечниот пат

Со многу планинарење, користење технологии и разни трикови, норвешкиот фотограф Terje Sorgjerd успеал да ја прикаже убавината на светот, од сосема нова, модерна перспектива, која е сè уште непозната за многу очи. Тој се искачил 3.657 метри близу врвот на третата најголема вулканска планина Теиде во Шпанија, за да биде што е можно поблиску до божествената галаксија Млечен пат и нејзиниот раскош. Магичниот поглед кон млечниот патСо професионален Канон фотоапарат, time lapse техника, минимална компјутерска манипулација и изобилство инспирација, Sorgjerd продуцирал краток филм во којшто ни ја прикажува фантастичната ѕвездена прекривка и движењето на светот внатре во неа. Брановидните облаци, блескавите ѕвезди и инспиративната природа која ја носи во себе пролетта, создаваат едно навистина неверојатно уметничко дело изработено во time lapse техника, кое на гледачите им создава подлабоко чувство за светот во кој секојдневно газат, преку неговите комплицирани, но совршени рајски облици.

Гледајте го видеово на цел екран и препуштете се на убавините на природата, кои овој фотограф ни ги преточил во 3 минути.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. .................................. Reply

    videovo me patosa…bravo!

Остави коментар