Магични фотографии од Централ парк под снежна покривка

Оваа зима во Њујорк беше една од постудените во последниве неколку децении. Масивните снежни бури и ледените температури ги „затворија“ луѓето во своите домови под меки ќебиња и со топло чоколадо во нивните раце. Но, како одговор на студенилото, фотографката Дина Литовски одлучила да прошета на свеж воздух и да ги документира необично напуштените пејзажи ширум Централ парк.

Магични фотографии од Централ Парк под снежна покривка

Родена во Украина, Литовски се преселила во Њујорк пред повеќе од 20 години и вели дека никогаш досега го немала видено Централ парк под снег. „Беше магично таму, јас очекував да има прекрасни пејзажи, но она што го видов едноставно ме воодушеви,“ вели таа.

Колекцијата од монохроматски фотографии, наречена „Снег во Централ парк“ ни покажува една тивка, зимска земја на чудата. Паркот, кој вообичаено сјае со енергија, живот и силни бои, овој пат беше целосно пуст и монотон. Но, Литовски сепак погледнала позади оваа меланхолична атмосфера и снимила извонредни фотографии од ретките тивки моменти на овој брз и бучен град.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар