Магична ливада создадена од 5.000 божиќни сијалици

Музејот Холбурн во Бат, Англија дошол до една интересна идеја за празничните декорации за оваа година. Неговите сопственици го најмиле експертот за светлина, британскиот артист Брус Манроу, кој е „виновен“ за оваа волшебна инсталација т.н. „Field of Light“. Овој прекрасен светлосен лавиринт е сочинет од 5.000 светилки, „засадени“ во земјиштето на музејот, на 26 ноември по повод божиќните празници. Дршките им се изработени од акрилни влакна, а над нив има кугли со мат ефект, низ кои се протнати оптички влакна, осветлени од проектор на кој му се менуваат боите.Магична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициСемето за инспирацијата на Брус за оваа уметничка инсталација, било засадено некаде пред околу 20 години, кога тој бил на пат во Австралија. Тој бил заслепен од начинот на кој голите пустини се расцветуваат после еден дожд. Испровоциран од ваквата природна појава, тој решил сијаличките да бидат исклучени во текот на денот, исто како што во пустините ништо не се случува кога нема дожд, а кога ќе падне ноќ, тие да расцутат во различна боја на светлина и да го занемат секој кој ќе помине во близина.Магична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициСличен ваков проект на Брус е и „Forest of Light“, кој го инсталирал во градините Лонгвуд во Пенсилванија, САД минатово лето. За оваа инсталација тој употребил 20.000 светлечки стебленца, распослани покрај пат долг 1км, кој води кон градините. Под дршките исто така има оптички влакна, а куглите се бистри и низ нив јасно се гледа влакното.Магична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициМагична ливада создадена од 5000 божиќни сијалициВо иднина очекуваме уште вакви фантастични инсталации од Брус Манроу, а во меѓувреме ќе си ги нахраниме очите со оваа волшебна светлина која ù дава нова димензија на природата.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Lence Reply

    Prekrasna gletka!!!!!

  2. Lence Reply

    VOLSEBNO!

Остави коментар