Мачки дотерани со штосни капи

Мачките кои имаат „сенс“ за мода и стил сега можат да го изберат саканиот дизајн од големата понуда на плетени капи кои ги изработува американската артистка Мередит Јарбру.Мачки дотерани со штосни капиНејзина инспирација биле плетените капи кои ги носат децата, па си рекла дека нема причина да не им понуди и на нејзините мачки можност да си изградат свој стил. Воедно, за кучињата веќе има доста облека и модни додатоци, па така решила повеќе да се посвети на изработка на креативни аксесоари за мачиња.Мачки дотерани со штосни капиМередит објаснува дека на почетокот било тешко и требало повеќе време за да се научат мачките да прават така како што ќе им се каже:

„На почетокот моите мачки не прифаќаа да носат какво било парче облека, но со многу трпение и со повторување, тие го прифатија тоа како нормална рутина“.

Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи

„Главно ја црпам инспирацијата од секојдневните работи што ги носат луѓето: пожарникарски шлем, женска шапка, детски костими за Денот на вештерките…“

„Го забележувам она што функционира за човечката раса и потоа го преработувам за да одговара и за животните“.

Мачки дотерани со штосни капиЗависно од комплексноста и бројот на детали, обично ѝ треба еден час до два дена за да заврши една капа. Некои капи се посложени од други.

Таа е воодушевена како мачешките капи го привлекуваат вниманието. Досега има изработено 200 капи за мачки и кучиња и планира да го зголеми овој број во иднина.Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи Мачки дотерани со штосни капи


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. ane Reply

    edna macka e, ne se macki

  2. m&m Reply

    poor kitty :/

Остави коментар