Луксузна вила на Француските Алпи која има сопствена дискотека

Оваа вила се наоѓа на Француските Алпи и е дел од зимското одморалиште Куршвел. Наречена е Малата палата (Le Petit Palais). Таа не само што изобилува со луксуз кој е типичен за сите вили со многу ѕвезди, туку има и некои додатоци кои се просто неверојатни. Еден дел од неа е адаптиран да служи како дискотека, има и базен, сауна, спа, салон за убавина и фитнес сала. Има и винарија, а за цената следува и личен готвач.

Може комотно да прими од 12 до 15 гости во своите речиси 1.700 метри квадратни. Доколку тоа не им е доволно на гостите, таа може лесно да се спои со друга вила која се вика Малиот замок (Le Petit Chateau). На богатите авантуристи ќе им се допадне и тоа што на најблиската патека за скијање се пристапува директно од излезната врата. Вилата се проценува на 60 милиони евра, но сопственикот не ја продава. Наместо тоа, ја издава за цена од 100.000 до 240.000 евра неделно, зависно од сезоната.

Луксузна вила на Француските Алпи која има сопствена дискотека Луксузна вила на Француските Алпи која има сопствена дискотека Луксузна вила на Француските Алпи која има сопствена дискотека




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар