Луксузен глисер во ретро стил

Автор: Петар Тодоровски

Овој луксузен глисер е дело на сестраниот австралиски дизајнер Марк Њусон, а е изработен во соработка со „Officina Italiana Design“, кои долго време изработуваат нови модели на бродови за италијанската бродоградбена компанија „Рива“. Глисерот го носи називот „Рива Акварива“ и претставува продолжение на серијата „Акварива“. Крајниот луксузен дизајн е резултат на тоа што Њусон се потпрел на претходните примероци од оваа серија и од претходникот на „Акварива“ од шеесеттите години на минатиот век, а на тоа е надополнето и неговото искуство од конципирањето на автомобили и авиони.Луксузен глисер во ретро стилНаместо махагон, кој е стандарден за оваа серија, Њусон се решил за ламинат составен од лен и смола, на што додал нагласена тиркизна боја за да го комплетира ретро впечатокот.Луксузен глисер во ретро стилЛуксузен глисер во ретро стилПроизведени се само 22 примероци од „Рива Акварива“, кои се продаваат преку њујоршката галерија „Гагосијан“ и преку дилерите на Рива. Цената на еден глисер изнесува 1,5 милиони долари.Луксузен глисер во ретро стилЛуксузен глисер во ретро стилЛуксузен глисер во ретро стилЛуксузен глисер во ретро стил


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар