„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа

Луда забава на врвот од казино-хотелот Марина Беј сендс во Сингапур. Додека дел од гостите пливаат во најголемиот надворешен базен на 57-от кат од хотелот, други скокаат со падобран од оваа височина. Што би одбрале вие? :-)

„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа

Преку следното видео, погледнете како изгледа забавата на покривот од овој неверојатен казино-хотел, кој без сомнеж е најнеодоливиот туристички предизвик во Сингапур.

Оваа восхитувачка градба е дело на архитектот Моше Сафдие. Неговата најголема атракција е токму 150 метри долгиот базен, кој е изработен со посебен систем за циркулирање на водата. Таа се слева преку работ на зградата во специјално дизајниран простор, каде се филтрира, загрева и повторно се испумпува назад во базенот.

Покрај восхитувачкиот врв на хотел-казиното, тој се состои и од 2.560 соби и апартмани за гостите, музеј, театри, продавници, бутици, ланец ресторани… Погледнете уште неколку фотографии, како од надворешноста, така и од внатрешноста на ова чудо од хотел.

„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа

Казино-хотелот е отворен на средината од 2010 година. Инвестицијата е вредна околу осум милијарди долари.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар