Љубов и романтика помеѓу хомосексуални парови

Љубовта не познава граници, без разлика на годините, расата, религијата или полот. Во својот фотопроект „Секоја љубов е иста“ (All Love Is Equal), фотографот од Њујорк Брејден Самерс ова го потенцира преку фотографии од геј и лезбиски парови кои ги направил патувајќи низ светот.

Љубов и романтика помеѓу хомосексуални парови

Самерс, кој и самиот е хомосексуалец, патувал во Франција, Индија, Либан, Бразил, Јужна Африка, САД и Велика Британија, благодарение на парите што ги подигнал преку неговиот проект на Кикстартер каде што собрал 23.000 долари.
Фотопатувањето траело 6 недели, а резултатот се овие драматични, романтични сцени во кои се прикажани само хомосексуални парови.

Љубов и романтика помеѓу хомосексуални парови

„Големата движечка сила зад креирањето на оваа фотосерија всушност не беше толку да се влијае врз геј заедницата, колку што беше за да ѝ се даде можност на општата јавност да ги доживее геј сцените во кој нема секс, малтретирање или баналност – работи заради кои одредени луѓе не би можеле да се поврзат со нив. Кога мислите на иконска романтика, запрашајте се дали ви доаѓа некоја слика во глава која не покажува хетеросексуални парови? Веројатно не. Би сакал да ја искористам мојата работа како платформа за дискусија во врска со тоа зошто е тоа така и како да се промени.“

Се надеваме дека фотографиите на Самерс ќе додадат поинтимна и похумана страна на проблемот кој создава премногу гневни поддржувачи на двете страни насекаде во светот. Фотографиите нè потсетуваат дека треба да ги сакаме луѓето околу нас, без разлика дали се сложуваме со нивниот начин на живот, нивните сфаќања и потреби, или не.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар