Ликвидни цвеќиња „замрзнати“ во времето

Фотографот Џек Лонг е автор на оваа прекрасна серија фотографии од ликвидни цвеќиња. За нивното создавање не е користен Фотошоп, туку само техника на фотографирање со кратка експозиција. Уметникот ја има усовршено методата за да ги обликува и бои течностите употребувајќи микс од вода, згуснувач, пигмент и боја.

Ликвидни цвеќиња „замрзнати“ во времето

Серијата наречена „Пловила во цутење“ е резултат на повеќемесечна работа, која вклучувала безброј обиди и грешки, стотици фотографии направени за тестирање и уште многу повеќе за да се направат финалните слики.

Ликвидни цвеќиња „замрзнати“ во времето

„Сакав да ја усовршам флуидната „high-speed“ фотографија. Направив течна вазна есента во 2011. Работев на креирање на цветните форми и листови за време на зимата и сè заедно составив оваа пролет. Сите мои слики, освен ако не поинаку забележано, се направени со еден чкрап на фотоапаратот. Не користам Фотошоп за да направам спојување на повеќе слики во една. Она што го гледате е тоа што се случило за време на една експозиција.“

Ликвидни цвеќиња „замрзнати“ во времетоЛиквидни цвеќиња „замрзнати“ во времетоЛиквидни цвеќиња „замрзнати“ во времетоЛиквидни цвеќиња „замрзнати“ во времетоЛиквидни цвеќиња „замрзнати“ во времетоЛиквидни цвеќиња „замрзнати“ во времетоЛиквидни цвеќиња „замрзнати“ во времето

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар