Ликовите на Дизни како модни икони

Автор: Ема Јакимовска

На денот на 90-годишнината од основањето на компанијата Дизни, Лучио Палмиери, во чест на оваа фабрика на сништата, ги претвори во модни икони едни од најпознатите цртани ликови на Дизни.

Кој вели дека цртаните ликови не можат да носат висока мода? Урсула и други злобни ликови од цртаните на Дизни се претставени како модели на висока мода, користејќи ја архивата на колекциите на Долче и Габана и креативноста на Лучио Палмиери и неговите илустрации.Ликовите на Дизни како модни икони

Маќеата на Пепелашка

Лошата маќеа на Пепелешка е најпривлечната женска личност од целото семејство, со злобен поглед, но истовремено и со совршени црти на лицето. Нејзината смисла за мода е соодветна за возраста, па така како најприкладен за неа го издвојуваме фустанот од колекцијата на Долче и Габана од 1989-та, инспириран од модата во 19-от век, со масивен брош како детаљ.Ликовите на Дизни како модни икони

Анастасија и Гризелда

Од злобните сестри во „Пепелашка“, Анастасија секогаш носи црвено, а Гризелда сино. Двете злобни, но и исклучително непривлечни сестри, се повторно актуелни во поп-културата, преку колекцијата есен/зима, 2010-та на Долче и Габана.Ликовите на Дизни како модни икони

Злобната вила од „Заспаната убавица“

Таа е еден од најстрашните ликови на Дизни, господарка на злото и клетвите. Во последната адаптација на „Заспаната убавица“, токму Анџелина Џоли ќе ја игра нејзината улога. Овде таа носи црн, елегантен костим, инспириран од свештенството, а од колекцијата есен/зима, 1999-та, Долче и Габана.Ликовите на Дизни како модни икони

Гримилда

Огледалце, огледалце, што ли треба да носи најубавата во светот? Пред да ја прегазат омразата и љубомората кон Снежана, Гримилда навистина била најубавата во земјата, и на илустрацијата тоа може да се види. Кадифената и чипкана тоалета од колекцијата есен/зима, 2005-та на Долче и Габана, совршено се надополнува со нејзината круна и опасниот поглед.Ликовите на Дизни како модни икони

Урсула

Облекувањето на пополнички модели, особено кога долниот дел од телото им се состои од осум пипци на октопод воопшто не е лесно. Како да се реши ова? Со корсет, секако. Колекцијата пролет/лето, 2007-ма на Долче и Габана, со добро изработените корсети се покажа како совршен избор за Урсула.Ликовите на Дизни како модни икони

Круела де Вил

Можеби најфенси ликот од целиот асортиман на Дизни, Круела де Вил, која при ваквата модна преобразба убедливо го докажува тоа. Нејзината опседнатост да го најде совршеното крзнено палто, ја води кон многу авантури. Не го одобруваме палтото со мотив од „101 далматинец“ и вистина штета што не ѝ текнало на моделот од колекцијата на Долче и Габана, есен/зима, 2010-та, со розово крзно, што совршено ѝ прилега, за разлика од црно-белиот дезен.Ликовите на Дизни како модни икони


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар