Летни, летни бубамаро, донеси ми гости

Дождливите денови можат да бидат навистина досадни, но замислете си како им е на бубамарите! Гледајќи низ призмата на шпанскиот фотограф Алехандро Ферер Руиз, дождот изгледа навистина прекрасно и магично. Макрофотографиите од овие малечки симпатични животинки, со дождовни капки распослани по нивниот грб, се истовремено фасцинантни и неверојатно симпатични.Летни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гостиСо светкавите капки фиксирани за нивното тело, кои личат како никогаш да нема да се слизнат, бубамарките упорно продолжуваат да си го тераат нивниот ден, искачувајќи се по гранчиња и цветни ливчиња. Фотографот им дава интересен карактер на овие мали субјекти, кои на моменти изгледаат како да позираат за камерата. Токму тука се крие неговата тајна. Тој преферира да прави макрофотографии, а за својата работа вели: Уживам во убавината која постои во минијатурните нешта“.Летни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гостиЛетни, летни бубамаро, донеси ми гости


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар