Лесно, брзо и едноставно: 10 начини да го освежите стариот бабин мебел

Ентериерите со ретро стил никогаш не излегуваат од мода, а воедно искористувањето на стариот, бабин мебел е еден од најевтините начини за стилско освежување на животниот простор. Со овие парчиња мебел можете да направите чуда.

1-lesno-brzo-i-ednostavno-10-nachini-kako-da-go-osvezhite-stariot-babin-mebel-www.kafepauza.mk_

1. Некои предмети или одредени делови од нив, оставете ги во изворната боја на дрвото и со малку „сирово“ обработена површина, а останатите парчиња мебел (или останатите делови) бојадисајте ги во која било нежна боја за помек впечаток или во некоја силна боја за динамичен контраст.

9-lesno-brzo-i-ednostavno-10-nachini-kako-da-go-osvezhite-stariot-babin-mebel-www.kafepauza.mk_

2. Сталажата од старата машина за шиење вообичаено се претвора во масичка, но можете да постигнете уште подобар ефект ако ја преселите во бањата и на неа вградите мијалник. Мијалникот нека биде во снежно бела боја, а сталажата бојадисајте ја во црна. Комбинацијата зачинете ја со црно-бели плочки.

4-lesno-brzo-i-ednostavno-10-nachini-kako-da-go-osvezhite-stariot-babin-mebel-www.kafepauza.mk_

3. Од стариот кујнски мебел направите шанк, а како противтежа ставете барски столици со современ дизајн и во многу изразена боја, така што судирот на традиционалното и модерното максимално ќе дојде до израз.

11-lesno-brzo-i-ednostavno-10-nachini-kako-da-go-osvezhite-stariot-babin-mebel-www.kafepauza.mk_
Продолжете на следната страница за да ги погледнете останатите идеи кои ќе ви помогнат да го освежите стариот мебел.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар