Ледениот хотел во Квебек

Дали некогаш би сакале да престојувате во хотел направен целосно од мраз? „Hotel de Glace“ е уникатен хотел кој се наоѓа на само 10 минути од канадскиот град Квебек. Тој е тотално уникатен бидејќи од година во година изгледа различно. Тоа е така, бидејќи тој е направен од 15.000 тони снег и 500.000 тони мраз, па откако тие ќе се стопат, другата година се прави нов. За изградбата на хотелот се потребни околу 30 дена и помош од 60 работници.Ледениот хотел во КвебекХотелот има 36 соби, чиј ентериер е целосно направен од мраз. Иако можеби изгледа дека преспивањето во вакво место може да биде многу неудобно, сепак гостите не спијат директно на мраз. Врз креветот направен од мраз има душеци, вреќи за спиење, крзна и слично. Ѕидовите кои се дебели 1,2 метри, иако се направени од мраз, ја одржуваат температурата во собите, бидејќи делуваат како природен изолатор. Од хотелот исто така им се препорачува на гостите пред спиење да посетат сауна или топла бања, за да им биде уште потопло во текот на ноќта.Ледениот хотел во КвебекЛедениот хотел во КвебекХотелот ќе биде официјално отворен на 6 јануари, а ќе работи од 25 март. Тој ќе биде достапен и за дневни тури, како и за разни прослави.Ледениот хотел во КвебекЛедениот хотел во КвебекЛедениот хотел во КвебекЛедениот хотел во Квебек
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    odlicno.. mnogu inspirativno i cudno ama ladno a romanticno

Остави коментар