Лебдечка шумска патека

Автор: Петар Тодоровски

Има нешто мистично во шумските патеки коешто дава чувство дека чекориме во некој свет од нашите фантазии, но она што го нуди урбаната шума Кадриорг во близина на естонската престолнина Талин, може целосно да го прекине нашиот контакт со реалноста и да нè однесе во некој паралелен свет.Лебдечка шумска патекаЗа тоа е виновен јапонскиот архитект Тетсуо Кондо, кој во шумата поставил мост кој функционира како лебдечка патека, па сега наместо луѓето да чекорат по земјата и оттаму да се восхитуваат на високите дрвја стари и по 300 години, ќе можат да се нурнат помеѓу гранките и лисјата и да ја доживеат шумата од сосема поинаков агол.Лебдечка шумска патекаУникатното чувство доаѓа и од фактот дека архитектот Кондо сакал природата и челичната патека да ги спои во едно, па затоа таа не е потпрена на ниту еден столб, туку на самите дрвја.Лебдечка шумска патекаЛебдечката шумска патека била изградена како дел од фестивалот на урбани инсталации по повод статусот на Талин како град на европската култура за 2011 година, а е долга 95 метри.Лебдечка шумска патека

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар