Куќата со небесна градина

Постои ли некој кој не би сакал да живее во градина, богата со прекрасна вегетација, која ги одмора очите и душата? Секако дека не постои. Но, колку и да ја сакаме природата, на сите ни е потребен покрив над глава, за да можеме да преживееме. Ќе се сложите ли со нас дека совршениот склоп на удобност, елеганција, луксуз и ефект на живеење во градина, е постигнат токму во оваа куќа?

Куќата со небесната градина

„Sky Garden House“ е куќа со фантастични градини на три нивоа, една на кровот и две на балконите. Се наоѓа на островот Сантоса во Сингапур, а е дизајнирана од страна сингапурското архитектонско студио Guz Architects.

Куќата со небесната градина

Во оваа куќа е вклучен и еден долг секси базен, кој се наоѓа во дворот и продолжува надолу длабоко сè до подрумот, каде можете да видите кој од вашите гости нурка во моментот, преку огромниот стаклен прозорец.

Куќата со небесната градина

Внатрешните скали имаат спирален облик, стаклена ограда, дрвен гелендер и дрвени скалила.

Куќата со небесната градина

Кривулестиот покрив е целосно прекриен со трева и има прекрасен поглед кон заливот.

Куќата со небесната градинаКуќата со небесната градина

Покрај невообичаениот преден дел, како и целата куќа во целина, не е заборавена ниту задната тераса богата со вегетација, до која имате визуелен поглед кон зеленилото преку стаклениот прозорец, доколку во моментот се наоѓате на горниот кат.

Куќата со небесната градинаКуќата со небесната градина

Целта на архитектите била да се постигне „градинарски ефект“ во секој дел од куќата. Па така, додека уживате во зеленилото седејќи во некоја од „небесните градини“, кога ќе погледнете надолу низ стаклениот прозорец, повторно ќе гледате во зеленило.

Куќата со небесната градина

Според она што го гледаме на сликиве, можеме да заклучиме дека целта на архитектите е дефинитивно постигната, нели?

Куќата со небесната градина


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Branislav Reply

    E ovaa e fantasticno bravo za arhitektot!

Остави коментар