Кубанските балерини и балетани низ улиците на урбаните средини

Кога суровата реалност е успешно разубавена од уметноста на денешните артисти, неминовно е да останеме восхитени и со подотворени усти. Така ќе биде и откако ќе ја погледнете фотосесијата направена од Омар Роблес, фотограф со неверојатно добро око за талентирани танчари кој преку својот објектив ни претставува една нова перспектива на балетот.

(29)-kubanskite-baletani-niz-ulicite-na-urbanite-sredini-kafepauza.mk

Воодушевен од Кубанските балерини и балетани, тој веќе две години неуморно ги фотографира во неверојатни пози низ улиците на големите урбани градови. Именувајќи ги како едни од најдобрите танчари во светот, тој вели:„Можеби е поради тоа што движењето и ритамот им течат во вените, но уште повеќе поради Руската балетска школа која е дел од нивното наследство.“


За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар