Кружна уметничка експлозија од бои

Креативноста на некои уметници ширум светот, едноставно не познава граници. Фабијан Офнер е еден исклучителен фотограф од Цирих, кој нѐ инспирира да напишеме трета содржина за неговата добро сработена работа. Покрај неговите неверојатни колоритни течни мозаици и блиската средба со меури од сапуница, овој пат тој нѐ изненади со новата фотосерија т.н. „Црна дупка“ (Black Hole). Кружна уметничка експлозија од боиЗа секоја фотографија тој става акрилни бои на метална шипка која е поврзана со бормашина. Кога ќе ја вклучи дупчалката, бојата инстантно одлетува од центарот на шипката, а во тоа минијатурно делче од секунда, Офнер го документира спектакуларното спирално распрснување на боите, со неговиот фотоапарат.Кружна уметничка експлозија од боиРаспрскувањето на бојата се случува премногу брзо, за да изгледа воопшто возможно да се фотографира тој момент, но Офнер го усовршил тајмингот. Тој на бормашината поставил сензор, кој испраќа импулс до блицевите.Кружна уметничка експлозија од боиСо помош на овој сензор може да се направат фотографии со брзина од 1/40.000-ти дел од секунда, смрзнувајќи го движењето на бојата околу бормашината. Кружна уметничка експлозија од боиКружна уметничка експлозија од боиКружна уметничка експлозија од боиКружна уметничка експлозија од боиКружна уметничка експлозија од боиКружна уметничка експлозија од боиКружна уметничка експлозија од боиКружна уметничка експлозија од боиКружна уметничка експлозија од боиКружна уметничка експлозија од боиПогледнете го видеото, за да го видите овој интересен артистички процес на работа.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар