Креативни слики нацртани на стомачињата на бремени жени

Креативни слики нацртани на стомачињата на бремени жени

На многумина ова може да им изгледа како луда идеја, па некои дури би рекле и дека е вулгарно, но ако го гледате како уметност, мора да признаете дека се работи за креативна и прекрасно сработена работа. Стомачињата на бремените жени се прекрасно „платно“ кое на артистката Кери Престон ѝ овозможува да се изрази себеси, и да се забавува и релаксира.

1-kreativni-sliki-nacrtani-na-stomachinjata-na-bremeni-zheni-kafepauza.mk

Една слика се изработува околу 2 часа, период во кој идната мајка седи и се релаксира додека четките и сунѓерчињата се лизгаат по нејзиниот стомак. Мајката сама го избира саканиот дизајн.

Интересно е дека бебињата секогаш клоцаат по малку за време на сликањето, а откога цртежот ќе биде готов, Кери ги фотографира за мајките да имаат спомен во своите бејби-албуми.

2-kreativni-sliki-nacrtani-na-stomachinjata-na-bremeni-zheni-kafepauza.mk

Секоја слика има своја приказна во позадина. Кери досега има нацртано 130 стомачиња и сите мајки го обожавале ова искуство. Таа ја сака својата работа, ѝ дозволува да биде мајка и да заработува работејќи од дома, притоа правејќи среќни други идни мајки.

„Бременоста е едно од најпосебните нешта што му се случува на еден пар. Верувам дека ако нешто може да се направи за да се цени уште повеќе тоа искуство, тогаш дефинитивно треба да биде направено, без преиспитување.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар