Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом

Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом

Оние кои обожаваат книги секогаш ќе сакаат да испробаат нови начини на нивно уредување. Покрај основните и вообичаените полици кои ги имаат повеќето, вреди да ја искажете вашата креативност и да создадете нешто необично, затоа што вашите книги заслужуваат да им посветите внимание! Погледнете ги овие идеи кои ќе можете да ги искористите за во вашиот дом.

1. За сите оние кои обожаваат да се шегуваат

Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом

Овие полици освен што служат за редење книги, имаат и своја забавна страна: Малата библиотека која е на ниво на земјата се врти, па води во детската соба на горниот кат. Овие интересни полици биле дизајнирани од архитектот Мет Вајт за неговото семејство.

2. За оние кои обожаваат топла атмосфера

Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом

Овие полици се сместени на ѕидот, а во средина помеѓу нив се наоѓа шпорет на дрва, што дополнително ја прави атмосферата потопла и поопуштена.

3. За мрзливите

Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом

Оваа фотелја „со библиотека“ е дизајнирана од италијанскиот бренд Nobody&Co и ви овозможува сите омилени книги да ви бидат буквално на дофат. Не мора да станувате, за да ја изберете наредната за читање. Оваа е паметна идеја и доколку имате мал простор во вашиот дом.

4. За оние кои имаат високи тавани

Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом

Ако имате поголем простор на вашиот ѕид, тогаш не двоумете се истиот да го пополните со полици за книги. Секогаш е добро да погледнете дека вашиот ѕид од подот до таванот е исполнет со книжевно богатство.

5. За оние кои не обожаваат да стануваат од креветот

Креативни полици за книги кои ќе посакате уште веднаш да ги имате во вашиот дом

Ако сакате да не се разделувате од вашиот кревет, тогаш додавањето полици зад него е одлична идеја.

Свртете на наредната страница за да погледнете уште креативни идеи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар