Креативни идеи за ваш личен работен простор во вашиот двор

Креативни идеи за ваш личен работен простор во вашиот двор

Ако живеете сами и ако ретко нешто ви го одвлекува вниманието од надворешниот свет, тогаш овие капсули не можат да ви бидат од многу голема корист. Но, ако сте изморени од галамата во вашата куќа и ако се чувствувате како да не можете да се сконцентрирате на ништо, тогаш имаме една идеја за вас која би можела да ви помогне. Што мислите за мала градба во вашиот двор која ќе биде тивко и мирно место каде што ќе можете истовремено и да се сконцентрирате на вашата работа и да бидете на само неколку чекори од вашиот дом?

Креативни идеи за ваш личен работен простор во вашиот двор

Ако работите како музички продуцент, дизајнер, артист, писател или се занимавате со која било друга професија која може да значи работа од дома, тогаш можеби би требало подобро да размислите за изградба на креативна канцеларија надвор од вашиот дом. Погледнете ги наредниве неколку интересни дизајни кои со сигурност ќе го привлечат вашето внимание.

Мир и релаксирање во капсула од 8,5 метри квадратни

Креативни идеи за ваш личен работен простор во вашиот дворКреативни идеи за ваш личен работен простор во вашиот двор

Дизајнирана од Сет Студио, оваа надворешна капсула е дополнителна структура која можете да ја сместите во вашиот двор. Она што е најинтересно во однос на дизајнот е дека таа не е наменета да стои само на едно специфично место. Можете слободно да ја преместувате во која било област каде што би сакале да имате малку повеќе мир и спокој. Капсулата може да ви послужи за секаква намена, од едноставна канцеларија до комплексно арт-студио.

Луксузна надворешна канцеларија

Креативни идеи за ваш личен работен простор во вашиот дворКреативни идеи за ваш личен работен простор во вашиот двор

Со својот уникатен тркалезен дизајн, ова студио креирано од Архипод претставува луксузна канцелариска структура зад која се крие многу труд и иновација. Главната идеја на овој дизајн е модернизацијата на технологијата која им овозможува на луѓето повеќе да не работат во стандардни канцеларии. Целата структура има неверојатен внатрешен и надворешен дизајн кој е искроен да одговара на секоја ваша потреба. Однадвор со дрвен финиш, а внатре со модерен канцелариски дизајн, оваа структура ќе ве привлекува да влезете во неа и ќе ве држи желни за работа додека сте внатре. Дизајнот вклучува и природна светлина во капсулата, додека ја задржува несаканата галама надвор.

Микро капсула

Креативни идеи за ваш личен работен простор во вашиот дворКреативни идеи за ваш личен работен простор во вашиот двор

Ова надворешно ремек-дело, кое е познато под името Micro Pod (Микро капсула) е едно од најкомпактните дизајни кое може да се смести во кој било двор. Дизајнот на структурата е уште една уникатна идеја за поделба на работниот простор и главното место на живеење (куќата). И покрај тоа што се смета за „микро“, оваа капсула има доволно простор за сите ваши потреби. Има место за работна маса, складиште и полици – со други зборови, сè што ви е потребно за да можете да ги завршите вашите работни обврски.

Погледнете уште два многу креативни дизајни на подвижни канцеларии надвор од домот: OfficePOD и Tetra Shed.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар