Креативни фустани изработени од хартија

Фустаните изработени од фотографот Метју Броди и 3Д илустраторот Хети Њуман за мартовското издание на магазинот „Madame“ навистина го одземаат здивот и тоа не само затоа што се многу убави и исклучително креативни, туку бидејќи се направени од несекојдневен материјал – хартија.

Креативни фустани изработени од хартија

Тие решиле заеднички да работат на поголем проект поврзан со модата, имале неколку идеи на ум и ги презентирале во редакцијата на „Madame“. Магазинот го одбрал проектот со фустаните и така започнало сè.

Креативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартија

Овие креации навистина ја истакнуваат екстравагантноста и виталноста на овој навидум обичен, секојдневен материјал. Фустаните се беспрекорно изработени и ја презентираат креативноста и оригиналниот начин на размислување на тимот кој стои зад нивната изработка. Наместо да ја користат хартијата за нејзината секојдневна, досадна употреба, Броди и Њуман заедно со нивниот тим сочинет од неколку стилисти, успеале да создадат нешто уникатно, неочекувано и различно.

Креативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартија

Ние навистина сакавме да креираме нешто убаво, од материјал кој не е соодветен за да се прилагоди на обликот на човечкото тело. Целта ни беше да биде очигледно дека фустаните се изработени од хартија, но да не изгледаат како ѓубре.“ – објаснува Метју Броди.

Креативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартијаКреативни фустани изработени од хартија


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар