Креативен фотограф мудро спојува две фотографии во една. Резултатот е урнебесен!

Овие надреални фотографии не се манипулирани во Фотошоп. Уметничкиот директор, Стивен Мекменами барa едноставни позадини, прави две фотографии од различни нешта и потоа само внимателно ги составува.

Креативен фотограф мудро спојува две фотографии во една. Резултатот е урнебесен!

Во почетоците на неговиот проект наречен „Комбо фото“ (#combophoto) тој фотографирал со ајфон, но неодамна купил нов фотоапарат за да го подобри квалитетот на фотографиите, а понекогаш користи и дрон.

„Сѐ е добиено само од разгледување наоколу и гледање кои работи што се достапни во светот можат интересно да се искомбинираат или да дадат убав контраст кога ќе се спојат. Што се однесува до процесот, тоа е само прашање на ловење нешта и целење кон што е можно почиста слика“ – вели Стивен за својата работа.

Некои од сликите биле фотографирани во неговата гаража, додека други ги сликал покрај патот откако ќе забележел нешто.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар