Креативен божиќен ручек направен од торти

Зеленчукот и печениот компир изгледаат вкусно и крцкаво, мисирката има совршена кафена нијанса. Целата трпеза е сервирана, па дури и децата едвај чекаат да ја вкусат. Но, ова не е традиционален божиќен ручек. Сè што гледате на трпезата, се всушност прецизно подготвени торти. Мисирката можеби изгледа реално, но таа е направена од пандишпан во неколку ката. Прокељот се всушност мали чоколадни тортички, боровинките се направени од шеќерна паста, а доколку сè уште сте гладни после сите овие слатки продукти, можете да ја изедете и чинијата.

Креативен божиќен ручек направен од торти

Виновникот за подготовка на оваа креативна божиќна вечера е дизајнерката на торти Керолин Вајт, која ја напуштила нејзината работа во маркетинг пред 12 години, за да започне сопствен бизнис за торти. Нејзината интересна божиќна трпеза ѝ одзела повеќе од 40 часа работа. Заедно со тричлениот тим во нејзината фирма во Лондон „Cakes 4 Fun“, ја создале оваа слатка уметност, создадена од секојдневни состојки како марципан, пандишпан, џем и чоколадо.

Креативен божиќен ручек направен од торти  Креативен божиќен ручек направен од торти

„Ова е една од најнеобичните работи коишто сме ги создале“ – вели Керолин која истовремено води и училиште за торти, кое подучува 5.000 ученици годишно. „Правиме секаков вид храна: суши, даска со сирења, како и секси торти. Забавно е и се надеваме дека ќе охрабриме и други луѓе да се заинтересираат за правење вакви интересни торти.“

Креативен божиќен ручек направен од торти  Креативен божиќен ручек направен од торти  Креативен божиќен ручек направен од торти


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар