Кратко поучно видео: Еднаш на балет запознав робот

Живееме во време кога сè се одвива многу брзо и доколку не сме внимателни животот може многу лесно да ни прелета покрај нас. Но, како се случува ова? Сите ние сме комплетно насочени кон целите кои сме си ги поставиле уште од млади години. Цели како добра плата, стабилна работа, големо семејство… И како што поминува времето, така без да забележиме се претопуваме со тие цели и стануваме токму она што сме посакувале да бидеме – родител, артист, банкар, хирург, професор… Ние се идентификуваме со својата работа и почнуваме да се однесуваме онака како што се очекува една личност на таа позиција да се однесува. Па така на некој начин се губиме себеси и забораваме кои сме, а со тоа ја губиме и нашата човечност. Стануваме роботи кои функционираат механички секој ден, од сабајле до вечер, 24 часа дневно, секоја недела до крајот на нашиот живот.

Кратко поучно видео: Еднаш на балет запознав робот

Во ова видео се обработува токму оваа тема. Од една страна имаме робот кој повеќе од сè на светот би сакал да биде човек но не може, а од друга страна имаме девојка која е човек, но заборавила на тоа. Девојката, која е артист, разговарајќи со роботот на балетска претстава почнува да се преиспитува себеси и да сфаќа колку е тешко во денешно време да се биде човек. И токму во тој момент таа прави еден чекор напред во повторното откривање на личноста која таа навистина е, а со тоа доаѓа и еден чекор поблиску до она што значи да се биде човек.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар