Костарика прекриена со милиони цветни ливчиња

Верувале или не, ова не е Фотошоп. Креативниот тим ангажиран да направи реклама за новиот 4К телевизор на Сони бил толку упорен што собрал неверојатни 8 милиони цветни ливчиња во најразлични бои и ги распослал низ повеќе места во Костарика, каде што се снимани фотографиите. Бројката од 8 милиони е намерно избрана поради 8-те милиони пиксели на продуктот за кој е наменета кампањата. Оваа резолуција дава врвен квалитет на сликата кој е за 4 пати побогат со детали од Фул ХД форматот.

За првата слика, која е направена во едно мало село, им биле потребни дури две недели соработка со локалните жители на кои не им пречело што нивните улици добиваат изглед како од соништата.

Имал вашиот монитор 8 милиони пиксели или не, не е важно, овие фотографии се прекрасни и во нив може да се ужива на која било резолуција. Не пропуштајте го ниту видеото на крајот.

Коста Рика покриена со милиони цветни ливчиња Коста Рика покриена со милиони цветни ливчиња Коста Рика покриена со милиони цветни ливчиња Коста Рика покриена со милиони цветни ливчиња Коста Рика покриена со милиони цветни ливчиња Коста Рика покриена со милиони цветни ливчиња Коста Рика покриена со милиони цветни ливчиња Коста Рика покриена со милиони цветни ливчиња




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар