Колоритна прошетка низ Прага

Сара Коцевска се занимава со фотографија само 2 и пол години, но нејзините дела се полни со живост и енергија која блика дури и од дождливите и мрачни сцени.

Колоритна прошетка низ Прага

Во октомври, 2013, таа ја посетила Прага, а од прошетката произлегол прекрасен сет фотографии кои го доловуваат чувството на градот.

„Лично сметам дека најдобрите фотографии се оние случајните, ненаместените во студио. Оние природните, фатени во момент посебен сам за себе. Најмногу од сè сакам да шетам. Сакам да посетувам необични земји, а љубител сум и на различна храна и култура… Сакам да видам и дознаам сè што е различно, и особено сум среќна кога ќе фатам некој таков момент од секојдневниот живот, без разлика дали е тоа тука во Македонија или во странство.“

Колоритна прошетка низ Прага

Од прошетката во Прага, нејзиниот следен фотографско-туристички предизвик бил Сингапур, а следна на листата е Австралија. Со нетрпение очекуваме да ја видиме приказната која ќе ни ја раскажат фотографиите од новите прошетки на Сара.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар