Кога фотограф ќе се спријатели со дивите животни…

Кога фотограф ќе се спријатели со дивите животни…

Со докторат по зоологија, Италијанецот Stefano Unterthiner не е само уште еден обичен фотограф на животни. Неговата огромна пасија да ја прераскаже животната приказна на дивите животни, го прави популарен уметник ширум светот. Како секој исклучително талентиран фотоновинар, Стефано го чека вистинскиот момент за да улови добра фотографија, при што честопати преноќува по неколку седмици во дивина, потполно сам.

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

 

„Сакам да правам фотографии од природата, најмногу затоа што таа работа ми овозможува да останам надвор во дивината. Уште додека бев дете, обожавав да поминувам време во природа. Пораснав во малечко планинско село, каде што научив колку може да биде интересно да ја разоткриваш природата која ја има во близина на твојот дом. Јас сум раскажувач на приказни. Тоа не значи дека јас многу зборувам, туку дека ми се допаѓа можноста да прераскажувам „приказни“ за дивите животни, преку моите фотографии.“

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

Стефано успева да ја долови убавината на дивите животинки, дури и на мечките, без да дозволи тие на фотографијата  да изгледаат застрашувачки.

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

 

„Додека ја работам својата работа, јас се обидувам да се спријателам со предметот на мојата фотографија. Сакам да го прикажам вистинскиот карактер на животните и да креирам позитивна емоција кај набљудувачот, кога ќе ја погледне добиената фотографија.“

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

За да ги фотографира животните на овој начин, Стефано практично живее во нивната средина подолг временски период. Така на пример, за да ги направи фотографиите со црните макаки мајмуни, тој поминал шест седмици на индонезискиот остров Сулавеси, постојано следејќи група мајмуни, сè додека тие не почнале да го препознаваат и прифаќаат. Две фотографии од оваа серија, му ја овозможиле посакуваната награда Фотограф на Дивиот Свет на Годината.

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

Присетувајќи се на друг негов проект на Антарктикот, Стефано рекол:

„Тоа беше вистинска експедиција. Поминав пет месеци таму, секојдневно фотографирајќи царски пингвини и албатроси. Тоа беше едно надреално, но неверојатно искуство. Живеев во малечка научна база, а за да се стигне оттаму до најблиската болница, е потребно една седмица пловење со брод. Дома успеав да се јавам на телефон само еднаш.“

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

Стефано ги прави сите негови фотографии користејќи ги моделите на Никон, D3 и D3S, а го осигурува нивното постоење, префрлувајќи ги на надворешен диск G-RAID Mini додека е на терен и потоа на G-SAFE во студио.

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

Неговите фотографии можат да се купат онлајн.

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

Најверојатно досега сте виделе некоја од фотографиите на Стефано, но не сте знаеле, бидејќи тој е редовен соработник со „National Geographic“.

Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...Кога фотограф ќе се спријатели со диви животни...

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. 1231 Reply

    Немам ништо друго да кажам освен W O W!

  2. Деа Reply

    Toa so dvete ververici e najubava slika! Mnogu mi se svigja a i drugite se fantastichni!

  3. Сара Reply

    Zosto ne vovedete opcija za lajknuvanje sekoja slika oddelno??
    Vaka moram cel post, a ne mi se dopadnaa site sliki. Koga bi imala takva opcija bi mozela da gi lajknam samo slikite koi navistina mi se dopagaat!

    • Кафе пауза Reply

      Сара, иако некои тоа го практикуваат, ние сметаме дека навистина нема потреба од тоа. Презентираме содржини како целина, не како нешто што треба поединечно да се споделува на социјалните мрежи. Не мора да значи дека треба да ти се допаѓаат сите слики за да кликнеш лајк, ниту пак дека тоа е задолжително. Доколку во иднина се јави реална потреба за воведување вакво нешто, ќе ја разгледаме опцијата повторно.

      • Сара Reply

        Fala na odgovorot, bese toa samo predlog…:)

Напиши одговор на Сара Откажи одговор