Како визуелно да ги зголемите малите простории со помош на акрилниот мебел?

Како визуелно да ги зголемите малите простории со помош на акрилниот мебел?

Денес акрилниот мебел стана најчеста алтернатива за дрвениот мебел и тоа токму поради својата едноставна, но специфична особина – проѕирен е! Овој вид материјал е претставник на поевтиниот избор на материјал за мебел, ја рефлектира светлината, го нагласува ентериерот и совршено се вклопува во секој дизајн од домот. Еден од квалитетите на акрилниот мебел е впечатокот дека зазема мал, скоро никаков простор. Токму неговата проѕирност го прави идеален за уредување на помалите простории кај кои овозможува максимизирање на секој дел од просторијата.

Секако, акрилниот мебел има и свои недостатоци. Проѕирноста, исто така, е недостаток, бидејќи и најмалата трага од прашина е видлива, а токму поради тоа бара редовно чистење. Акрилот е присутен во изработка на сите видови мебел, од помошна масичка, кујнски маси и столици, до канцелариски мебел. Иако е препорачлив во сите ентериери, на мебелот треба да му пристапите со внимание и добро да го комбинирате со веќе купените уреди, бидејќи тенка е границата помеѓу добриот вкус и ентериерот кој потсетува на дискотека кога станува збор за овој вид мебел.

1. Масичка за во дневната соба од акрил

Акрилниот мебел е сличен како стаклениот, а на просторот му дава елеганција и прозрачност. Прозрачноста на акрилот го зајакнува и овозможува остатокот од ентериерот да дојде до израз. Препорачуваме комбинација со занимлив теписон со столчиња од акрил, бидејќи текстурата и бојата на теписонот ќе останат видливи, а масичката ќе делува како да лебди во воздухот.

2. Помошна масичка од акрил

Помошната масичка е неопходна за секоја просторија. Ја користиме како место за ставање на шолјата кафе, списанијата или книгите, па сѐ до декоративните предмети како што се ламбите или вазните со цвеќе. Не зазема многу простор, а ако се одлучите за помошна масичка од акрил, иако може да делува невидливо во просторот, сепак ќе му даде една естетска вредност.

3. Трпезариска маса

При уредувањето на кујната со акрилен мебел работите стануваат малку комплицирани. Иако на прв поглед делува како едноставен избор да купите маса и столици од акрил, можеби би требало да размислите за спојување на класичниот мебел со оној од акрил. Подобро одлучете се за класична дрвена маса на која ќе ѝ додадете доза модернизам со акрилни столици, или пак акрилна маса со која занимливите столици ќе дојдат до израз. Пуштете ја фантазијата, бидејќи постојат многу опции…

Погледнете ги и овие креативни идеи што визуелно ги зголемуваат малите бањи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар