Како може да се добие бесплатен билет за метро во Русија?

На 7 февруари 2014 година во Сочи, Русија ќе започнат Зимските олимписки игри, а по тој повод Русите смислиле одлична кампања за промоција на големиот спортски настан и стекнување на здрави животни навики. Имено, Рускиот олимписки комитет во една метро станица во Москва поставил машина за билети, која наместо пари од луѓето бара да направат 30 сквотови (чучњеви).

Како може да се добие бесплатен билет за метро во Русија?

Застанувате пред машината, почнувате да ги правите сквотовите, таа одбројува, а на крајот добивате бесплатен билет. Машината ќе биде таму еден месец.

„Сакавме да покажеме дека Олимписките игри не се само интернационален натпревар кој луѓето го гледаат на телевизија, туку дека сите треба да се вклучат живејќи спортски живот.“ – вели Александар Жуков, претседателот на Рускиот олимписки комитет.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Andrejski Reply

    Mnogu vi e GLUP avtorot. Istrazi do kraj koga nesto pisuvas be slepec ! ! ! Biletite se za olimpiskite iugri vo Soci ne za vo metroto. Tamu samo se p;ostaveni mmasinite ! Toa e toa kopi-paste novinarstvo ! Sto ustvari mozes da ocekuvas od “Дипломиран новинар со широк спектар на интереси” Za greota si be slepec !

    • Кафе пауза Reply

      На страна навредите од кои немало потреба… Дали имаш некој доказ дека напишаното е погрешно?

    • Моника Трајковска Reply

      Ако го паузираш видеото на 0:49 многу јасно ќе можеш да прочиташ дека на машината за билетите пишува „1 поездка на метро за 30 приседании“ што во превод значи „1 возење во метро за 20 сквотови“. Но, не ми верувај на мене – слободно провери во речник. И можеби во иднина ТИ би требало да си ги преиспиташ изворите пред да почнеш да навредуваш…

Остави коментар