Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста?

Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста?

Топчињата за голф изгледаат генерално исто однадвор, бела структурна површина со малечко лого. Но, дали некогаш сте се запрашале од каков материјал е направена внатрешноста?

Чисто од љубопитност, фотографот Џејмс Фридман од Охајо, решил да пресече едно топче на половина и бил изненаден од тоа што го пронашол. Откако пресекол околу 20 различни топчиња, Фридман открил дека внатрешноста на секое топче е уникатна. Како резултат на таквото откритие, тој започнал да го документира со неговиот фотоапарат интригантниот свет од силни бои и кружни шари.

Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста?

Од таквите фотографии настанал и неговиот проект т.н. „Внатрешен дизајн“ (Interior Design), кој го прикажува внатрешниот дизајн на голф топчињата, презентирајќи ги како засебен ентитет, но и како дел од интерактивен, апстрактен дизајн. Набљудувачите набрзо ќе се изгубат во колоритните, визуелни шаблони и ќе заборават дека топчињата некогаш служеле како дел од спортска опрема.

Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста? Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста? Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста? Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста? Како изгледаат топчињата за голф во внатрешноста?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар