Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

Кога ќе се погледнат за 250 пати поголеми од реалната големина, зрната песок имаат фантастична, колоритна структура и се уникатни како снегулките. Погледнати низ микроскоп, тие потсетуваат на делови од кристали, парчиња од спирални школки и ронки од вулканска карпа.

Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

Професорот Гери Гринберг, „виновникот“ за ова неверојатно интересно откритие, кој има докторат по биомедицински истражувања на Универзитетскиот колеџ во Лондон вели:

Навистина е неверојатно кога ќе помислите дека шетајќи по песочна плажа, всушност газите по овие малечки волшепства.“

Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

Проф. Гринберг, прегледува илјадници песочни зрнца, користејќи игли за акупунктура, за да ги пронајде и организира најсовршените примероци. Откако ќе ги пронајде, го слика секое зрно поединечно, а потоа ги комбинира со помош на специјален софтвер. Тој потрошил неверојатни пет години, шетајќи ја планетава Земја, за да пронајде маркантни зрна песок, како овие на неговите фотографии.

Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

 

Екстремно зумираните фотографии, најчесто имаат многу плитка длабочина, па затоа морав да развијам нов процес за да ги направам како што сакам. Правам дузина фотографии од различни агли. И покрај тоа што фотографиите делуваат едноставно, за секое зрнце песок може да ми бидат потребни неколку часа за да го фотографирам на начин со кој ќе бидам задоволен.“

Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

 

Плажата која е најблиску до мојата лабораторија е Хаику на Хавајските острови, но на моите слики гледате песочни зрна од целиот свет, од Јапонија до Ирска.“

Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?

Фотографиите на професор Гери се достапни за гледање на неговиот веб-сајт www.sandgrains.com, а неговата книга „А grain of sand“ може да се купи од amazon.com.

Како изгледа зрно песок, кога ќе се зголеми за 250 пати?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Sar4e Reply

    WOW prekrasno!

Остави коментар