Како изгледа велосипед од 80.000 евра?

Овој велосипед неслучајно е произведен во само 10 примероци. Конструкцијата му е направена од 24-каратно злато, украсен е со кристали Сваровски, седиштето и рачките се од вистинска кожа со боја на чоколадо и чини безобразни 80.000 евра.

Како изгледа велосипед од 80.000 евра?

Скандинавската компанија за дизајн Aurumania го направила овој прекрасен скапоцен камен на две тркала, украсен со 600 кристали Сваровски. Секој велосипед се изработува рачно, меѓутоа тешко е да се замисли како некој би се возел на него низ град или во природа. Тоа би му дошло слично како слободно да се шетате со куфер во кој има 80.000 евра. Поради тоа, поголемиот број од овие велосипеди веројатно ќе завршат како украси. Неодамна некој лондонец купил златен велосипед и си го закачил на ѕидот во неговата дневна соба, како уметничко дело.

Како изгледа велосипед од 80.000 евра? Како изгледа велосипед од 80.000 евра? Како изгледа велосипед од 80.000 евра? Како изгледа велосипед од 80.000 евра?Како изгледа велосипед од 80.000 евра?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар