Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?

Добро работно место во коешто ќе уживате, во денешно време не подразбира само имањето интересни проекти, фин шеф и дружељубиви колеги. Сè повеќе и повеќе големи компании, а сега и Твитер, им овозможуваат на нивните вработени динамична работна атмосфера, која е визуелно примамлива и истовремено придонесува за зголемување на продуктивноста и ефикасноста.

Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?

Лоцирана во Сан Франциско, глобалната централа на Твитер е составена од два ката кои се во склоп на историска зграда во арт-деко стил, изградена во 1937 година. Канцелариите на Твитер ги направила компанијата IA Interior Architects, во соработка со Lundberg Design.

Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?

Осветлените, отворени работни средини и групни простории, колоритните ѕидови и убавиот мебел, во кој е вклопена и препознатливата сина боја на социјалната мрежа, ги мотивира вработените и им влева креативност. Освен можноста секој ден да уживаат во шармантното работно место, вработените во овие канцеларии исто така имаат и пристап до студио за јога, фитнес просторија, соба за видео игри, како и голема кафетерија и огромна градина на кровот.

Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско? Како изгледа главната централа на Твитер во Сан Франциско?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар