Како да комбинирате различни стилови во кујната за да постигнете уникатен изглед?

Како да комбинирате различни стилови во кујната за да постигнете уникатен изглед?

Во современото живеење кујната станува најважниот простор за собирање и дружење со семејството или пријателите. Можете да вклопите шанк, за оваа функција да биде целосна, а доколку немате простор, сместете ја трпезариската маса што е можно поблиску до кујната. Освен функцијата, многу е важно и како се чувствувате во кујната, извршувајќи ги секојдневните работи. Сите ние сме различни, па секој ќе си го избере стилот што најмногу му одговара. Со оглед на тоа дека мешањето стилови стана правило, пронајдете се во некоја од следниве комбинации и започнете со уредување и опремување на вашата кујна.

1-dizajniranje-na-enterierot-kombinacija-na-stilovi-vo-kujnata-www.kafepauza.mk_

1. Дрвото е доста тренди материјал во кујните – можете да го употребите за скоро сите стилови. Светла боја на дрво со нагласени јазли ќе создаде рустикална атмосфера. Комбинирајте го со минималистички дизајнирана кујна и рустикална маса со истиот материјал. Пластичните столови дополнително ќе ја нагласат грубоста на масата, но и ќе се поврзат со префинетите облици на минимализмот. Вака складното поигрување ќе го направи просторот доста поудобен за работа и дружење со пријателите.

2-dizajniranje-na-enterierot-kombinacija-na-stilovi-vo-kujnata-www.kafepauza.mk_

2. Доколку сте склони кон некој пософистициран дрвен стил, тогаш ви предлагаме темни тонови во комбинација со фронтови со висок сјај. На оваа приказна спротивставете ги модерните облоги кои имитираат бетон и цемент и додајте некој ретро детаљ.

3-dizajniranje-na-enterierot-kombinacija-na-stilovi-vo-kujnata-www.kafepauza.mk_

3. Кујната комбинирајте ја со ретро подна облога и индустриска ѕидна облога. Ви предлагаме неутрални бои како што се сивата, кафената или топло белата. Сите оние кои се желни за нови дизајнерски предизвици може ваквиот простор да го збогатат со оригинална комода во некоја впечатлива боја. Сепак внимавајте, бидејќи барем еден детаљ од комодата мора да биде усогласен со бојата на кујната.

4-dizajniranje-na-enterierot-kombinacija-na-stilovi-vo-kujnata-www.kafepauza.mk_

4. Индустрискиот стил во комбинација со ретро стилот може успешно да се комбинираат, а крајниот резултат да биде прекрасен!

6-dizajniranje-na-enterierot-kombinacija-na-stilovi-vo-kujnata-www.kafepauza.mk_

5. На ретро подна облога сместете ја работната кујна, а сето тоа збогатете го со подна и ѕидна дрвена облога. Ретро столовите и трпезариската маса поврзете ги со закачалка од истиот стил. Работната метална полица со својата едноставност ќе ја надополни целата комбинација, а играта со деталите може да стане навистина забавна.

7-dizajniranje-na-enterierot-kombinacija-na-stilovi-vo-kujnata-www.kafepauza.mk_

6. За кујните во становите на студентите и младите брачни парови, предлагаме лежерна комбинација на работен и минималистички стил. Челик, графити и индустриското осветлување во кујната одлично ќе се врзат за минимализмот во дневната соба. Ладните бои и топлите контрасти ќе бидат одличен израз на темпераментот и живоста на поединците.

8-dizajniranje-na-enterierot-kombinacija-na-stilovi-vo-kujnata-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар