Како би изгледале животните од Дизни кога би биле луѓе?

Лесно можеме да се поврземе со животните кои ги гледаме во цртаните на Дизни, често дури и ги замислуваме како луѓе, понекогаш ставајќи се самите ние на нивно место.

7.kako-bi-izgledale-zhivotnite-od-dizni-koga-bi-bile-lugje-kafepauza.mk

Аристократските мачки како луѓе

Но, Pugletto, артистка од Висконсин, оди чекор подалеку, цртајќи ги животните онака како што таа ги замислува во форма на човечки суштества, притоа внимавајќи да ја задржи нивната етничка позадина колку што може.

„Ме фрустрира тоа што има премногу Симби со бела кожа и развеана црвена коса. Јас колку што сфаќам, приказната за ‘Кралот лав’ се случува во Африка, па затоа ги замислив ликовите како луѓе од Африка.“

„Кралот лав“ не е единствениот проект на кој таа има работено. Погледнете ја галеријата и кажете ни дали и вие вака ги замислувате животните како луѓе.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар