Јапонец црта импресивни слики во табели од Ексел

Татсуо Хориучи (Tatsuo Horiuchi) е 73-годишен јапонски уметник, кој верувале или не, за креирање на своите уметнички дела користи Мајкрософт Ексел.Јапонец црта импресивни слики во табели од ЕкселКусо пред да се пензионира во 2000 година, Хориучи купил копија од Офис бидејќи забележал дека може да црта во Ексел, а му било далеку поевтино отколку да купи некој специјализиран софтвер за дизајнирање и цртање. Користејќи ја алатката „autoshapes“, која му овозможува на корисникот сам да поврзува и бои форми, тој почнал да создава масивни и комплексни слики. Бидејќи намената на Ексел не е да се користи како програма за цртање, неговата работа е поимпресивна дури и од онаа на уметниците кои творат фантастични дела во „Paint“.Јапонец црта импресивни слики во табели од ЕкселОткако учествувал на еден натпревар во 2006 година, тој се здобил со меѓународно признание и бил вклучен во голем број изложби. Доколку сакате да го видите неговиот метод на работење, слободно преземете едно негово дело во .xls формат.Јапонец црта импресивни слики во табели од Ексел Јапонец црта импресивни слики во табели од Ексел


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар