Јахтата на Стивен Спилберг од 200 милиони долари

Познатиот режисер Стивен Спилберг неодамна бил забележан како плови со неговата нова мегајахта „Seven Seas“ (Седум мориња). Јахтата долга 86 метри, чини 200 милиони американски долари и е опремена со секакви луксузи.Јахтата на Стивен Спилберг од 200 милиони долариИзградена е од холандската фирма „Oceanco“ според спецификациите порачани од Стивен. Опремена е со софистициран ентериер изработен од ореово, тиково и розово дрво. Најимпресивен елемент е бесконечниот базен, кој завршува со стакло-ѕид од 4,5 метра. Овој елемент служи и како кино-екран, за да можат Стивен и неговите гости да уживаат во добар филм додека се на јахтата.
Јахтата на Стивен Спилберг од 200 милиони долариЈахтата на Стивен Спилберг од 200 милиони долари„Седум мориња“ може да обезбеди луксузно сместување за 12 гости, има 26 кревети за бродскиот екипаж, како и приватна, господска кабина за сопственикот, центрирана на палубата, која вклучува работно студио и џакузи. Исто така, на неа има место предвидено за слетување на хеликоптер, целосно опремена фискултурна сала, спа-соба и соба за масажи и уште едно затворено кино.Јахтата на Стивен Спилберг од 200 милиони долариЈахтата на Стивен Спилберг од 200 милиони долари

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар