Изедете ја вашата облека за десерт

Исклучете се за момент од реалноста и замислете си свет во кој чекорите во чевли од авокадо, носите чанта од боровинки (или од броколи ако сакате да водите здрав живот), се дотерувате со алка од тестенини и ѓердан од сирење.

Изедете ја вашата облека за десерт

Понекогаш кога сите спијат, а вие сте сè уште будни и без друштво, сакате да се релаксирате слушајќи добра музика. Тогаш ги ставате јаболковите слушалки на уши и уживате во „сочните“ мелодии.

Изедете ја вашата облека за десерт

За оние моменти пак кога ќе се чувствувате сексапилно, можете да ја облечете вашата провокативна долна облека од зелена салата како предјадење, а да ги оставите чоколадните обетки за десерт. Звучи примамливо нели?!

Изедете ја вашата облека за десерт

Професионалниот фотограф Фулвио Бонавија е креатор на оваа „вкусна“ фото галерија, која ја употребил во неговата книга насловена „Прашање на вкус“, за да ја долови поврзаноста помеѓу графичкиот дизајн, уметноста и илустрацијата.

Изедете ја вашата облека за десерт

Навистина е штета што неговите генијални модни додатоци никогаш нема да се најдат на полиците во бутиците, бидејќи би било тешко да се одржат овошјето и зеленчукот свежи, а млечните производи да не мувлосаат. Како и да е, неговата креативност навистина заслужува признание, а идејата може да се преобликува и да се пренесе во некој елитен ресторан, каде за десерт ќе можете да нарачате шешир од малини.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар